Двајца ракометари ги продолжија договорите со МРК Куманово

41

МРК Куманово за наредната натпреварувачка сезона полека го комплетира тимот во кој уште двајца ракометари ги продолжија договорите, Иван Димитров и капитенот Давид Цветковски.

Двајцата се обврзаа на едногодишен договор со МРК Куманово.

Капитенот на тимот изјави задоволство од продолжување на соработката.

„Немаше никаква дилема околу мојата иднина во клубот.Нема поголема чест од тоа да се биде капитен на тимот од градот кај си роден, живееш и играш.Ние сме пред се како семејство, функционираме беспрекорно како единка и се надеваме дека така ќе биде и во иднина“, вели Цветковски.

Иван Димитров исто така го дели мислењето со својот колега и соиграч.

„Оваа сезона ќе биде предизвик за нас, затоа што сакаме да одиме чекор повеќе во лигата.Тоа значи дека ќе се обидеме да бидеме помеѓу најдобрите шест тима од табелата во Супер Лигата и да се бориме за некои од местата кои водат во Европа“, истакна Димитров по потпишување на договорот со својот матичен клуб.

ПретходноИ Адријана Поп Арсова избори настап на Светското првенство во Токио!
СледноРеал го отпушти тренерот Матео Чус, Серхио Родригез е нов спортски директор