Македонија (У19) против БиХ, Турција и Романија на Балканијадата во Бања Лука

37

Машката репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекциите на домаќинот Босна и Херцеговина, Турција и Романија во групната фаза од БВА Балканскиот шампионат за одбојкари до 19 години, кој од 9 до 13 јули ќе се одржи во Бања Лука.

Нашите надежи се дел од групата А, додека во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.

Организаторот го дефинираше и распоредот на натпреварите кои ќе се играат во салата „Борик“ во Бања Лука. Македонија во првото коло од групната фаза на 9 јули ќе игра против Босна и Херцеговина, во последниот термин од 20:30 часот. Во второто коло, ден подоцна, нашите кадети од 15:30 ќе ги измерат силите со Романија. На 11 јули, во последното коло од групата во истиот термин (15:30 часот) ќе се соочиме со Турција.

Во зависност од местото на кое ќе финишираме во групната фаза на 12 и 13 јули закажани се полуфиналните натпревари и разигрувањето, односно финалните мечеви и средбите кои ќе го дефинираат конечниот пласман на Балканскиот шампионат.

БВА БАЛКАНСКИ ШАМПИОНАТ МАЖИ У19

РАСПОРЕД, ГРУПНА ФАЗА

1.КОЛО (09.07.2025)

ГРУПА А

13:00ч. Турција – Романија

20:30ч. БиХ – МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Б

15:30ч. Бугарија – Црна Гора

18:00ч. Грција – Србија

2. КОЛО (10.07.2025)

ГРУПА А

15:30ч. МАКЕДОНИЈА – Романија

20:30ч. БиХ – Турција

ГРУПА Б

13:00ч. Црна Гора – Србија

18:00ч. Бугарија – Грција

3. КОЛО (11.07.2025)

ГРУПА А

15:30ч. Турција – МАКЕДОНИЈА

20:30ч. Романија – БиХ

ГРУПА Б

13:00ч. Грција – Црна Гора

18:00ч. Србија – Бугарија

ПретходноРодриго на излезна врата од Реал, Арсенал започнал преговори со бразилецот
СледноАрне Слот се огласи по шокантната вест за смртта на Диого Жота: Никогаш нема да биде заборавен!