Огромна трагедија се случи утринава во Шпанија, во која што во сообраќајна несреќа трагично загинаа фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва.
Од силината на ударот, и пожарот кој што настанал по истито браќата загинале на лице место, а нормално ќе треба време и сериозна анализа на местото на трагедијата за да се дојде до точната информација што точно се случило.
Светот се простува од еден од најдобрите фудбалери на денешницата, и неговиот брат, а информации од Шпанија не престануваат да пристигнуваат. Последно е видеото снимено од местото на настанот, во кое се гледа колкава девастирачка сила имало во овој удар и погибијата на двајцата млади фудбалери.
https://www.dailymotion.com/video/x9m93v6