ФК Силекс денеска излезе со соопштение до сите симпатизери на клубот дека ќе организира бесплатен превоз за домашниот натпревар на клубот против екипата на Дечиќ, кој ќе се одигра на 17 јули во Скопје.
Како што информираа од кратовсњкиот состав, со превозот е вклучена бесплатна карта за натпреварот и пијалоци за текот на натпреварот. На „Тренинг центарот на ФФМ“, источната трибина ќе биде наменета за сите посетители на натпреварот, додека северната трибина за н.г. „Кратери“, на кој можат да бидат пристутни лица над 17 години.