Денеска на официјална прес конференција, екипата на ГФК Тиквеш одржа официјална прес конференција на која што сега веќе официјалниот сопственик, и спонзор на клубот заедно со претседателот, Миле Масларков, и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ги споделија со јавноста плановите, амбициите и можностите, на новиот Тиквеш.
Пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, новиот газда акцент става на модернизација на тренажниот процес, професионален пристап кон фудбалерите, со максимална посветеност и влог во младите категории, за остварување на што подобри резултати во иднина, гледајќи го клубот во европските натпреварувања.
Исто така најави отварање на голем фан-шоп во центарот на Кавадарци во соработка со навивачката група Лозари-Исток.
Претседателот на клубот Миле Масларков изрази големо задоволство што повеќемесечните преговори со новиот инвеститор завршија со договор за соработка и е оптимист дека клубот во новата сезона ќе биде стабилен прволигаш.
Новиот Директор на клубот – Емир Шабани најави нови фудбалски имиња и поголем ростер на играчи како и неколку меѓународни засилувања.
ГФК Тиквеш подготовките ги започнува денес 03.07.2025 година во 18:00 часот на Градскиот стадион во Кавадарци, а од 15 до 25 Јули заминуваат на подготовки во Турција.