Вардар за дуелот со Ла Фиорита ги отвора јужната и западната трибина

366

Освојувачот на Купот на Македонија, најтрофејниот македонски фудбалски колектив, тимот на Вардар летово е наш претставник во кваификациите за Конференциската лига.

Во провото квалификациско коло се Вардар се среќава со претставникот на Сан Марино, тимот на  Ла Фиорита, кој што во шампионатот на оваа мала земја го освои второто место.

Па така, на 10 јули се игра првиот од двата меча во дуелот, а Вардар на истиот е домаќин. Стартот на дуелот е закажан за 20:30 часот, односно вечерен термин, пред се поради високите температури во моментов, а и пред се поради реномето на Вардар, за кого е нормално да игра во вечерен термин.

Билетите за дуелот Вардар  – Ла Фиорита веќе се пуштени во продажба, а деталите околу истите се следниве. Одлучено е за овој меч да бидат пуштени единствено јужната и западната трибина на Арената Тодор Проески, додека пак, северната трибина ќе биде искористена секако официјалните лица, домашни и гостински, ВИП гостите на овој меч, новинарите, како и други гости на ФК Вардар.

Што се однесува пак до цената на билетите, ФК Вардар одлучи јужната трибина да чини 300 денари, додека пак, западната симболични 100 денари.

 

ПретходноЃоковиќ закажа дуел со својот сонародник Кецмановиќ на Вимблдон
СледноНова трагедија во спортскиот свет: Загина 20-годишен возач во Мото 2