Дали ќе има пресврт? Баерн ја зголеми понудата до Нико Вилијамс!

138

Баерн Минхен сè уште не се откажува од идејата да го доведе ова лето Нико Вилијамс. Ова го тврдат медиумите во Каталонија. И покрај желбата на играчот да се пресели во Барселона, „Баварците“ сакаат да ја искористат лошата финансиска состојба на шпанскиот шампион и евентуалната регистрација на играчот, која е неизвесна во овој момент.

Поради ова Баерн Минхен ја зголеми својата понуда за крилниот напаѓач, наводно за плата од само 12 милиони евра по сезона, додека нивната претходна понуда беше околу 10 милиони евра. Ова е речиси двојно поголема плата во споредба со 7-те милиони евра што Барселона  моментално може да му ги понуди на 22-годишниот шпански репрезентативец.

Шпанските медиуми се едногласни дека развојот на настаните во оваа сага за се очекува наскоро.

ПретходноКој е главен фаворит за титулата на СКП? Ниту ПСЖ, ниту Реал, ни Баерн, туку…(ФОТО)
СледноЛуис Суарез ја завршува кариерата?!