Енис Фазлагиќ е нов играч на Вора

212

Некогашниот капитен на младата репрезентација на Македонија, но и сениорски репрезентативец, Енис Фазлагиќ за прв пат ќе настапува во првата лига на Албанија. Од денеска тој е дел од тимот на Вора кој што изминатата сезона ја освои второлигашката конкуренција во оваа земја.

Фазлагиќ долго време беше дел од тимот на Висла Краков, одеше и на позајмици од овој клуб, но реално доста време се мачеше и со повреди.

Некогашниот младинец на Вардар, член на Шкендија, и еден од најдобрите млади фудбалери некогаш во Македонија ќе се обиде да ја врљти кариерата на вистински правец.

 

ПретходноПелистер има милион евра буџет за следната сезона
СледноЃоковиќ закажа дуел со својот сонародник Кецмановиќ на Вимблдон