Ливерпул и Баерн тргнаа по француски репрезентативец

110
Фото: Castello Jr Lukeba/Instagram

Ливерпул и Баерн Минхен покажуваат сериозен интерес за централниот дефанзивец на РБ Лајпциг, Кастело Лукеба, тврди „Футмеркато“.

22-годишниот поранешен играч на Лион има клаузула за ослободување од 90 милиони евра во договорот. РБ Лајпциг е подготвен да разгледа понуди по пониска цена.

Тотенхем исто така ја следи ситуацијата околу францускиот репрезентативец, но нема да даде понуда освен ако не го продаде Кристијан Ромеро. Аргентинецот е трансфер цел на Атлетико Мадрид.

Пред две години, РБ Лајпциг го купи Лукеба од Лион за 30 милиони евра. Договорот на дефанзивецот е до летото 2029 година.

22-годишниот Французин одигра 31 натпревар за својот тим во сите натпреварувања минатата сезона.

ПретходноНова трагедија во спортскиот свет: Загина 20-годишен возач во Мото 2
СледноРодриго на излезна врата од Реал, Арсенал започнал преговори со бразилецот