Машката репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекциите на домаќинот Босна и Херцеговина, Турција и Романија во групната фаза од БВА Балканскиот шампионат за одбојкари до 19 години, кој од 9 до 13 јули ќе се одржи во Бања Лука.
Нашите надежи се дел од групата А, додека во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.
Организаторот го дефинираше и распоредот на натпреварите кои ќе се играат во салата „Борик“ во Бања Лука. Македонија во првото коло од групната фаза на 9 јули ќе игра против Босна и Херцеговина, во последниот термин од 20:30 часот. Во второто коло, ден подоцна, нашите кадети од 15:30 ќе ги измерат силите со Романија. На 11 јули, во последното коло од групата во истиот термин (15:30 часот) ќе се соочиме со Турција.
Во зависност од местото на кое ќе финишираме во групната фаза на 12 и 13 јули закажани се полуфиналните натпревари и разигрувањето, односно финалните мечеви и средбите кои ќе го дефинираат конечниот пласман на Балканскиот шампионат.
БВА БАЛКАНСКИ ШАМПИОНАТ МАЖИ У19
РАСПОРЕД, ГРУПНА ФАЗА
1.КОЛО (09.07.2025)
ГРУПА А
13:00ч. Турција – Романија
20:30ч. БиХ – МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Б
15:30ч. Бугарија – Црна Гора
18:00ч. Грција – Србија
2. КОЛО (10.07.2025)
ГРУПА А
15:30ч. МАКЕДОНИЈА – Романија
20:30ч. БиХ – Турција
ГРУПА Б
13:00ч. Црна Гора – Србија
18:00ч. Бугарија – Грција
3. КОЛО (11.07.2025)
ГРУПА А
15:30ч. Турција – МАКЕДОНИЈА
20:30ч. Романија – БиХ
ГРУПА Б
13:00ч. Грција – Црна Гора
18:00ч. Србија – Бугарија