По ужасните вести за трагичната смрт на португалскиот фудбалер Диого Жота кои утрово ја стресоа спортската јавност, пристигнаа нови трогателни вести за смртта на уште еден млад спортист. 20-годишниот возач во Мото 2, Борха Гомез денес го загуби животот на патеката по еден инцидент на првиот тренинг за третата рунда на европскиот шампионат.
Младото момче со потекло од Мурсија, Шпанија, доживеа пад на патеката по што на него налета друг возач. Неговиот тим Хонда Лаглис ја потврди неговата смрт и ги испрати своите најискрени сочуства. „Со голема болка во срцето соопштуваме дека нашиот возач Борха Гомез почина по тешка несреќа на денешниот тренинг за третата рунда на европскиот шамшионат. Борха ќе остане запаметен како голем талент, но и како фантастична личност. Засекогаш ќе го носиме во нашите срца. Во име на целиот тим Ланглис изразуваме сочуство кон неговото семејство и пријатели. Те сакаме Борха, почивај во мир“.
Во својата кариера Борха Гомез учестуваше во 15 трки во Мото 2 шампионатот.