Познати се деталите: Начинот на кој загинаа Жота и неговиот брат е застрашувачки

1499

Светот на фудбалот е потресен од трагедијата во која животот го загубија поранешната ѕвезда на Ливерпул, Диего Жота, и неговиот брат Андре. Одличниот фудбалер почина на ужасен начин.

Стигнуваат детали за несреќата во која трагично загинаа Жота и неговиот брат. Сцените биле како од хорор филм, а призорите – застрашувачки.

Несреќата се случила во близина на Замора, на западот на Шпанија, непосредно по полноќ, кога возилото во кое се наоѓал Жота се судрило, а причините сѐ уште се истражуваат.

Познато е дека 28-годишниот Жота и неговиот 26-годишен брат се возеле во „Ламборџини“ и дека до несреќата дошло при претекнување.

Некои шпански медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата, наведуваат дека при претекнувањето експлодирала гума на возилото на Јота.

На местото на трагедијата брзо пристигнала брза помош, но и покрај сите напори на медицинските екипи, двајцата браќа починале на самото место. Иденитетот на жртвите првично бил непознат, но подоцна било потврдено дека станува збор за Диого Жота.

Жота бил добро познат во регионот по проекти кои ги покренал, и бил омилен и почитуван од сите што го познавале.

Во четвртокот наутро беше потврдено дека двете тела биле пронајдени изгорени, и дека регистрацијата на автомобилот била единствениот начин за идентификација на жртвите.

За целосна потврда сега ќе биде потребна ДНК анализа, бидејќи состојбата на телата не дозволувала визуелна идентификација. Идентификацијата е потврдена преку возилото.

Трагично е што одличниот фудбалер се ожени на 22 јуни со својата избраничка Руте Кардозо, со која беше во врска подолго време. Тие за време на врската добиле три деца, а нивната семејна среќа заврши на суров и трагичен начин.

Жота му се приклучи на Ливерпул во 2020 година од Вулверхемптон за 44,7 милиони евра. Оттогаш одигра 182 натпревари, постигна 65 голови и 26 асистенции.

Со тимот од „Енфилд“ освои бројни трофеи, меѓу кои:

  • Премиер лига (2024/25)
  • ФА Куп (2021/22)
  • Лига Куп (2021/22)

Пред само еден месец, со репрезентацијата на Португалија го освои трофејот во Лигата на нации.

Кариерата ја започна во Гондомар, а играше уште и за Атлетико Мадрид и Порто.

Жота на суров начин го почувствува колку е тенка линијата меѓу среќата и трагедијата. Пред само еден месец славеше шампионска титула во Англија, потоа Лига на нации со Португалија – а потоа судбината го однесе на најтрагичен можен начин.

Претходно(1996-2025) Фудбалскиот свет се збогува со Жота, се огласи и Ливерпул: Скршени сме!
СледноНова ера: Еспаљол продаден за 200 милиони евра