Реал го назначи славниот Скариоло за нов тренер на тимот

71
фото: Real Madrid Basket (X)

Серхио Скариоло и официјално е назначен за нов тренер на Реал Мадрид.

Мадридскиот клуб потпиша тригодишен договор со италијанскиот стратег.

Скариоло е селектор и на шпанската репрезентација, а неговата последна клупска работа беше во Виртус Болоња, со кого го освои Еврокупот во 2022 година.

Италијанецот веќе го водеше Реал Мадрид од 1999 до 2002 година кога го освои шпанското првенство.

ПретходноИ Арсими ги почна подготовките за новата сезона (ФОТО)
СледноПоследна шанса за Лион: До четврток да најде 100 милиони евра за да остане во Лига 1