Реал го отпушти тренерот Матео Чус, Серхио Родригез е нов спортски директор

43

Шпанскиот стручњак Матео Чус повеќе не е тренер на Реал Мадрид, објави мадридскиот клуб.

„Реал Мадрид и Чус Матео се согласија да го завршат неговиот мандат како тренер на нашиот клуб. Реал Мадрид сака да му се заблагодари на Матео за неговата работа и посветеност во текот на изминатите три сезони. Матео отсекогаш ги претставувал вредностите на нашиот клуб на примерен начин. Реал Мадрид му посакува нему и на неговото семејство се најдобро“ – се наведува на веб-страницата на клубот.

Матео има освоено шест трофеи со Реал Мадрид, една Евролига, две титули во шпанското првенство, еден Куп на кралот и два шпански Суперкупа. Тој беше прогласен и за тренер на годината во Евролигата за сезоната 2023/24. Шпанските медиуми објавуваат дека Серхио Скариоло треба да биде новиот тренер на Реал Мадрид .

Од „кралскиот клуб“ објавија и дека досегашниот капитен Серхио Родригезја презема улогата на спортски директор и ќе биде клучна фигура во обликувањето на иднината на тимот.

ПретходноДвајца ракометари ги продолжија договорите со МРК Куманово
СледноИ Арсими ги почна подготовките за новата сезона (ФОТО)