Четири нови имиња во составот на Тиквеш

299

Откако денеска стана јасно дека прволигашот од Кавадарци, Тиквеш, има нов спонзор, денеска на стартот на подготовките клубот промовираше и четири нови засилувања.

Тиквеш ги претстави засилувањата кои се приклучија уште од стартот на подготовките, а меѓу нив се најдоа Христијан Стевковски кој ќе ја засили голманската позиција, Кристијан Ацковски како засилување во средниот ред, Дарко Илиевски кој е ново име во одбраната, како и младиот голман Стефан Тасев кој се врати во кавадарци по периодот минат во бугарски Дунав.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Ричи е нов фудбалер на Милан!
СледноБорусија (Д) потврди: Гитенс оди во Челзи!