Скопско лето за Стефан, Аце, Кољо, Даре…. ФФМ ги отвори портите за своите репрезентативци

852

На паузата во фудбалска Европа, наскоро ќе и дојде крајот, и играчите полека но сигурно ќе се вратат во матичните клубови. Дел од нив пак истите ќе мора најпрво да ги пронајдат затоа што на крајот од минатата сезона се простија со поранешните средини.

Искусните македонски интернационалци, Стефан Ристовски и Александар Трајковски нема да се вратат во Хрватска. Стефан се збогува со Динамо Загрев, Трајковски повеќе не е дел од Хајдук. Никола Серафимов пак и неговиот Фехервар испадна од најдобрата унгарска фудбалска конкуренција, па и тој летово ќе има нов клуб. Нешто слично се случува и со Дарко Велковски кој што повеќе не е дел од тимот на Нирегихаза исто така од Унгарија.

Над сто мечеви во нациолниот дрес, тешки играчи во моментов тренираат на старото добро познато место. На комплексот Петар Милошевски во Скопје. Фудбалската Федерација секако дека им излегува во пресрет на нашите интернационалци да ги имаат оптималните услови за тренинг во моментов, а клуб сите овие секако дека ќе пронајдат. Како што било и досега.

 

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО НОВ СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР ЗА КФСМ
СледноСелекторот Миленкоски го смени планот, мажите порано почнуваат со подготовки за евро-квалификациите