Мухамед Елмас е засилување за МЃП

988

Мухамед Елмас е најновото засилување за тимот на Македонија ЃП. Македонскиот младински репрезентативец е новитет за „Лавовите“ и ќе биде еден од главните играчи во новата ПМФЛ сезона.

„Лавовите“ се враќаат во најдобрата наша фудбалска конкуренција, и имаат високи амбиции.

Елмас од друга страна е момче кое што во себе има огромен талент, но засега повредите го закочија во развојот. Сепак, тој е 2006 година, и има уште многу што да покаже и докаже.

Тој е дете на Работнички, а минатата сезона беше дел од тимот на Гостивар.

 

ПретходноИвановски: Пелистер оди по вистински пат, чест е да се биде рамо до рамо со клубовите од ЛШ
СледноТиквеш со официјална прес конференција пред стартот на подготовките (ВИДЕО)