Најдобриот стрелец во Серија А оди во Саудиска Арабија

148

Саудискиот клуб Ал-Кадисија покажува сериозен интерес за најдобриот стрелец во Серија А, Матео Ретеги, објави Џанлука Ди Марцио.

Се очекува Ал-Кадисија да достави официјална понуда за напаѓачот на Аталанта во четврток во износ од 50-60 милиони евра.

Досега, Моизе Кин, Рикардо Орсолини и Џонатан Давид ги отфрлија понудите за трансфер во Ал-Кадисија.

Минатата сезона, Ретеги стана најдобар стрелец во Серија А со 25 гола на 36 натпревари.

ПретходноКаква судбина: Жота на 22 јуни стапна на „лудиот камен“, а утрово почина…
СледноЦените продолжуваат да паѓаат: 18 долари за четвртфиналето на Челзи