Струга ТЛ се пофали со Гледи Мици

212

Левиот бек, Гледи Мици и официјално е нов играч на тимот на Струга ТЛ. Екс играчот на Шкендија се враќа во ПМФЛ шампионатот, но сега не во Тетово, туку во Струга, каде што тимот на Трим Лум ќе се обиде следната сезона да си го поврати приматот и да ја освои повторно шампионската титула.

Тоа секако нема да биде лесно, со оглед на фактот што Струга ТЛ ќе има доста конкуренција, но со искусни играчи како Мици, тоа нормално дека ќе ниде далеку пореално.

Албанскиот интернационалец има 34. години во моментов и патем има и пасош на САД. Последно беше дел од тимот на Тирана, а има настапувано и за Фљамуртари, Кукси, Камза, Аполонија, и за тимот на Приштина во Косово.

 

ПретходноСелекторот Миленкоски го смени планот, мажите порано почнуваат со подготовки за евро-квалификациите
СледноСпасов прави кам бек во Кавадарци