Докторот што му советувал на Жота да патува со автомобил: Беше среќен, во понеделник требаше да оди на контрола

516

Докторот Мигел Гонсалвес, кој со години работеше со трагично загинатиот фудбалер на Ливерпул, Диого Жота, откри како изгледале последните часови на трагично починатата ѕвезда на „црвените“. Жота и неговиот брат имаа несреќа да им дупне гума додека престигнуваа на автопат. Откако удриле во  заштитната ограда, автомобилот се запалил, а двајца фудбалери загинаа на самото место.

Докторот на Жота, Мигел Гонсалвес, го испратил на патувањето со автомобил, а не со авион. Жота требал да вози до пристаништето Сантандер, а потоа со траект за Англија. Д-р Гонсалвес го советувал да не патува со авион бидејќи пред неколку дена имал операција на белите дробови. Португалскиот фудбалер доживеал пневмоторакс, состојба при која дел од белите дробови му колабира, и морал да се подложи на операција. По операцијата, д-р Гонсалвес го советувал да не лета, туку да оди со брод.

„Се збогував со него и Андре околу 20:30 часот. Планираа да патуваат ноќе за да ја избегнат жештината. Планираа да застанат во хотел во Бургос. Тој беше среќен, оптимист во врска со своето закрепнување и многу посветен на новата сезона“, изјави Гонсалвеш за португалските медиуми.

Докторот ги негираше одредени гласини дека фудбалерите биле на забава пред патувањето.

„Диого беше вистински и строг професионалец. Требаше да се качат на брод и да одат во Англија. Остатокот од семејството планираше да патува со авион. Жота имаше закажан медицински преглед во Ливерпул за да ја процени ситуацијата во понеделник“, вели докторот и заклучува:

„Прочитав некои работи на интернет што се жални, а дури и слушнав некои во медиумите. Диого и Андре не беа на забавата, воопшто не беа „расположени“, ниту пак користеа нешто за да „го поправат расположението“. Ништо“, вели Гонсалвес за португалскиот весник „Рекорд“.

ПретходноПелистер го продолжи договорот со младиот дефанзивец Стојановски
СледноАмериканецот „полуде“: Имаше три меч-топки, но судијата реши да го прекине мечот (ВИДЕО)