Македонскиот младински репрезентативец до 17 години Матео Кесиќ својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Јединство Уб.
Момчето кое што досега беше дел од тимот на Бродарац, сега менува средина и ќе се проба посериозно во сениорскиот фудбал што се вели.
Стоперот досега беше дел од У19 тимот на Бродарац, а сега ќе се бори за минутажа на сениорско ниво.
Момчето кое што „оперира“ на стоперската позиција, е родено 2008 година и има светла иднина пред себе.