Детето на Шкупи се врати дома. Сухељ Мухарем повторно е член на тимот на Шкупи. Некогашниот голем талент на Чаирчани се враќа во старото јато за да му помогне на Шкупи во овие специфични моменти за клубот.
Напаѓачот последно беше дел од тимот на Фероникели во Косово, а имаше и епизода во Албанија во тимот на Скендербеу.
Во Македонија пак покрај тимот на Шкупи, беше дел и од Работнички и Струга ТЛ како и Ренова.