Американецот „полуде“: Имаше три меч-топки, но судијата реши да го прекине мечот (ВИДЕО)

301
фото: Printscreen

Американскиот тенисер Бен Шелтон беше на раб на нервен слом откако водеше со 40-0 во десеттиот гем од третиот сет од неговиот натпревар против Ринки Хиџиката од Австралија во натпревар од второто коло на Вимблдон, кога судиите на натпреварот решија да го прекинат поради тоа што падна мрак.

Американецот ги доби првите два сета со 6:2 7:5, а во третиот водеше со 5:4, што значеше дека има три меч-топки пред себе и логично, одлуката на судијата предизвика екстремна тензија на теренот. За еден поен, сега натпреварот ќе се доигрува денеска и дефинитивно, доколку Шелтон загуби, тоа ќе влезе во историјата како една од најчудните елиминации на еден Гренд слем турнир.

ПретходноДокторот што му советувал на Жота да патува со автомобил: Беше среќен, во понеделник требаше да оди на контрола
СледноЛиверпул го повлекува дресот со број 20