Атлетик Билбао денеска објави соопштение дека Нико Вилијамс го обновил договорот со тимот од Билбао до 2035 година, со што ги завршил преговорите со Барселона за потпишување на договор.
Нико Вилијамс долго време беше во преговори со Каталонците, но очигледно од неговиот трансфер на „Камп Ноу“ нема ништо. 22-годишниот крилен напаѓач потпиша нов договор со баскискиот клуб и веднаш ја даде првата изјава:
„Кога станува збор за донесување одлуки, најважно за мене е да го слушам своето срце. Јас сум таму каде што сакам да бидам, со моите најблиски, ова е мојот дом. Напред Атлетик!“, изјави Вилијамс по потпишувањето на новиот договор.
Продолжувањето на договорот на Нико Вилијамс до 2035 година доаѓа со зголемување на неговата откупна клаузула. Како што објави Атлетик, неговата цена се зголеми за 50%, со што неговиот откуп достигна околу 90 милиони евра.