Барселона после шокот се сврте кон нов фубалер – го најде во Ливерпул

232

Откако беше потврдено дека Нико Вилијамс ќе остане во Атлетик, Барселона се сврте кон барање нови решенија на левото крило. Вилијамс е голема желба на клубот уште од летниот преоден рок минатата година, се пишуваше дека ќе оди во Барселона и затоа шпанските медиуми го опишуваат овој исход на настаните користејќи го зборот „шок“.

Вилијамс потпиша договор кој важи до 2035 година, а клубот, исто така, забележа дека клаузулата за обештетување е зголемена „за повеќе од 50%.“ До денес, таа изнесува 60 милиони евра, што значи дека 22-годишникот е недостапен за клубовите кои не се подготвени да ја активираат клаузулата во договорот, која е најмалку 90 милиони евра.

Барселона сега повторно се насочува кон Луис Дијаз, колумбиски репрезентативец и играч на англискиот шампион Ливерпул. Неговата вредност е 70 милиони евра според „Трансфермаркт“, а тој има договор со клубот до летото 2027 година.

Дијаз се приклучи на Ливерпул од Порто во 2022 година за сума од 45 милиони евра, со можни 15 милиони евра повеќе во бонуси. Тој има одиграно 149 натпревари за тимот од „Енфилд“, постигнувајќи 41 гол и асистирајќи за 23. Баерн е заинтересиран за него, но Ливерпул не е подготвен да го продаде.

ПретходноКФСМ објави стратегија и порача: Време е да се изгради систем – не за моментален успех, туку за трајна вредност
СледноФит Фан Волеј ќе дебитира во БВА купот