Билетите за четвртфиналето на СКП се поевтини од оние во групната фаза

29

Билетите за четвртфиналните натпревари од Светското клупско првенство сега се поевтини.

Според „Тикетмастер“, официјалниот портал за продажба на билети на ФИФА за турнирот, билетите за натпреварот помеѓу Флуминенсе и Ал-Хилал биле достапни за 11,15 долари.

Билетите за натпреварот Челзи – Палмеирас беа достапни за 22,30 долари, поевтино од кој било натпревар од групната фаза пред почетокот на турнирот.

За 44,60 долари може да се купи билет за натпреварот меѓу Баерн и ПСЖ.

Најевтините билети за горниот дел од стадионот за натпреварот меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд чинат 128 долари, додека долниот дел чини повеќе од 300 долари.

ПретходноБарселона повторно извиси: Нико Вилијамс во Атлетик (Б) до 2035 година!
СледноПочина легендарниот нигериски голман Питер Руфаи