Во исчекување на списокот на кошаркари кои ќе настапат во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство 2026 година, доаѓа информација поврзана со стручниот штаб од нашиот најдобар национален тим.
Боби Митев се повлекува, а причината е неисполнување на условите кои му биле ветени пред да си подаде рака со новото раководство на КФСМ. Митев има одлично искуство и богато CV, па стручниот штаб загуби тренер, кој беше пособено значаен во период кога се создава нова генерација во сениорскиот тим.
Митев им посакал среќа на селекторот, Марјан Илиевски и останатите соработници на претстојните мечеви против Романија и Унгарија во претквалификациите.
Илиевски за помошници ги има Борче Даскаловски и Мирко Петревски, а во најава е дека местото на Митев ќе му припадне на тренерот на Пелистер, Дејан Илиевски.
Македонија во претквалификациите нема да смета на многумина стандардни кошаркарки како Ненад Димитријевиќ, Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко….а ниту пак ќе има во составот Американец. Засега најзвучни имиња кои ќе бидат лидери се Андреј Јакимовски, Андреј Мгадевски и Стојан Ѓуроски. Останатите празнини ќе бидат дополнети со млади кошаркари.