Брегалница од денеска ќе има нови турски инвеститори. Според информациите на „СпортСпорт“, на денешната итна седница на општината, треба да се заврши трансформацијата на сопственичкиот пакет во штипскиот фудбалски состав.
Турските инвеститори треба да добијат најголем дел од акциите, додека на општина Штип ќе и останат 15% од акциите.
Претходниот инвеститор, Кирил Гогов ќе биде исплатен со сума од околу 150.000 евра, додека останатите 300.000 евра ќе бидат вложени како инвестиција во клубот.