
Досегашниот напаѓач на тимот на Лил, интернационалецот од Канада, Џонатан Дејвид, е нов член на тимот на Јувентус.
Тој денеска пристигна во Торино и ги направи лекарските прегледи, по што и ќе ге потпише договорот со Старата дама.
Трансферот на напаѓачот е вреден 60 милиони евра, а тренерот на Јуве, Игор Тудор инсистираше на неговото доведување. На конто на тоа, очигледно дека во Торино повеќе нема место за Душан Влаховиќ за кого управата на Јуве со сите сили пробува да најде решение и да го продаде. Србинот има огромна плата и нормално дека нема да смее да биде со статус на резерва, со толкави примања.