Дориан Бабунски потпиша за унгарска Ниреѓихаза

188

Дориан Бабунски се врати во унгарскиот шампионат. Денеска нашиот поранешен репрезентативен напаѓач се договори за 2-годишна соработка со екипата на Ниреѓихаза.

Минатата сезона Бабунски ја мина во дресот на Сепси во Романија, а претходно го носеше и дресот на швајцарски Грасхоперс. Во Унгарија беше една сезона и тоа во дресот на Дебрецин.

Минатата сезона во редовите на Ниреѓихаза настапуваше и Дарко Велковски, кој ја заврши соработката со Унгарците.

ПретходноТрамп најави одржување УФЦ спектакл во Белата куќа
СледноБрегалница Штип од денеска има нови турски сопственици