Летото е време кога сите се трудиме да излеземе од рутина, малку повеќе движење, спорт и добра дружба секогаш се добредојдени. Слободното време во овој период од годината е идеална можност за поинтензивна дружба со пријателите, да се раздвижиме, да внесеме свежа енергија и спортски дух во секојдневието. А, што е подобро за тоа од добра фудбалска игра во опуштена атмосфера?
Неодамна реновираниот фудбалски терен на ФК Аеродром, лоциран во населбата Ново Лисиче, нуди идеални услови што одговараат и за рекреативци и за оние што сакаат поинтензивен спортски ангажман. Теренот е целосно приспособен за вечерна игра, после дневната жега, опремен со рефлектори кои овозможуваат одлична видливост, дури и кога температурите ќе паднат и времето ќе стане пријатно за спортска активност. Подлогата со вештачка трева е стандардизирана и безбедна, а дополнително е уреден и простор за публика, што го прави теренот погоден за пријателски натпревари и турнири, за помали спортски настани, зошто да не и за „тим-билдинг“ активности и за неформални собири помеѓу колеги, пријатели или соседи кои сакаат да внесат спорт и дружење во своето секојдневие.
Од тие причини не ја пропуштај шансата да го искористиш теренот за изнајмување по промотивни цени кои важат до крајот на месецов! Користење на мал терен за време од еден час чини само 2.000 денари, 4.000 денари е користење на пола терен, а 12.000 денари е изнајмување на целиот терен за еден час.
Оваа промотивна понуда е одлична можност за сите што сакаат да бидат активни, да се забавуваат и да уживаат во летните вечери на квалитетен терен, без преголеми трошоци и за момент да се почувствуваат можеби како вистински фудбалери.
Термините брзо се распродаваат, затоа резервирај навреме на 078 839 855, контакт телефон достапен и за повеќе информации за оваа неверојатна јулска понуда.