Илјадници цвеќиња пред „Енфилд“: Фанови на други тимови, пријатели…дојдоа да им одадат почит на Жота и Андре

68
Фото: Ливерпул X

На „Енфилд“ и денеска има редици од луѓе кои доаѓаат да им оддадат почит на починатиот фудбалер на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва. Двајцата беа жртви на сообраќајна несреќа во ноќта од среда кон четврток.

Вчера, илјадници луѓе пристигнаа пред домот на „црвените“ за да положат цвеќе. Ова продолжува и денес, со многу навивачи на други клубови, вклучувајќи ги и оние на најголемите непријатели на Ливерпул – Евертон и Манчестер Јунајтед.

Погребот на двајцата фудбалери ќе биде утре (сабота) во близина на Порто. Синоќа, телата на Диего Жота и Андре Силва беа донесени во куќата на нивниот татко.

Поради она што се случи, почетокот на подготовките на тимот на Арне Слот, кој требаше да започне во понеделник, исто така ќе биде одложен.

ПретходноФит Фан Волеј ќе дебитира во БВА купот
СледноСтотици милиони потрошени за џабе…. Антони, Гарначо, Санчо, Маласиа, Рашфорд соопштиле дека си одат од Јунајтед