Ник Хенигман е новиот словенец во Е.Пелистер

126

Ракометниот шампион на Македонија, екипата на Е.Пелистер во своите редови доведе уште еден интернационалец од Словенија.

Се работи за левиот бек Ник Хенигман, кој што воедно е и активен репрезентативец на нациоалниот тим на Словенија.

Искусниот, 29. годишен ракометар доаѓа од Фрнација, каде што досега настапуваше за тимот на Шартр.Хенигман во кариерата играл за домашната Рибница, унгарскиот ПИК Сегед и француските клубови Сант Рафаел и Шартр. За словенечката репрезентација има околу сто натпревари и претставува еден од клучните елементи во системот на сите селектори, вклучувајќи го и актуелниот. Најголем успех му е бронзата од Светското првенство во Франција во 2017 година.

Хенигман е висок 201 сантиметар, поседува квалитет и харизма, кој лесно беше забележлив во сите негови клубови и националната репрезентација.
Неговото претставување во Битола е предвидено на крајот од јули, по почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2025/26.

ПретходноСтотици милиони потрошени за џабе…. Антони, Гарначо, Санчо, Маласиа, Рашфорд соопштиле дека си одат од Јунајтед
СледноЈакимовски се враќа од САД и потпишува за Тренто