Тенисерите на Југ освоија уште една шампионска титула. Тие и оваа година без пораз со само еден загубен меч во трите дуели од лига натпреварите на убедлив начин стигнаа до нов шампионски пехар. Исто како и претходните години во директен дуел со ТК Поинтер се решаваше за првото место.
Оваа година за ТК Југ на мечевите од лигата настапија Дејвис куп репрезентативците на Македонија Стефан Мицов, Берк Бугариќ и Кристијан Јанев, потоа Дарко Колевски, Томислав Јотовски и Димитар Грабул.
Тенисерите на Југ остварија максимални победи од 7-0 против ТК Тумба (прво коло) и ТК МТП (второ коло), а со 4-1 беа поуспешни од ТК Поинтер (трето коло).
Во другите дуели: Поинтер – МТП 5-2 (прво коло), Поинтер – Тумба 4-1 (второ коло) и МТП – Тумба 4-1 (трето коло).
Конечна табела: Југ 3-0 (победи-порази) 6 бодови; Поинтер 2-1 (победи-порази) 5 бодови, МТП 1-2 (победи-порази) 4 бодови и Тумба 0-3 (победи-порази) 3 бодови.