Почина легендарниот нигериски голман Питер Руфаи

58

Легендарниот нигериски голман Питер Руфаи почина по долга и тешка болест во болница во Лагос. Руфаи, кој беше капитен на Нигерија и херој кој го освои Африканскиот куп на нации во 1996 година, почина на 62-годишна возраст по долга борба со тешка болест.

Познат по прекарот Додо Мајана, Руфаи беше една од најпознатите личности во историјата на нигерискиот фудбал. Нигеријците го паметат како вистински лидер, капитен и херој на освојувањето на титулата африкански шампион.

Меѓународната кариера на Руфаи траеше речиси две децении. Тој одигра 65 натпревари за националниот тим, а ќе биде запаметен по постигнатиот гол во победата од 6:0 против Етиопија. Руфаи долго време бранеше во Европа. Беше член на шпанскиот Депортиво Ла Коруња, Херкулес, португалските Жил Висенте и Фаренсе, белгиските Локерен и Беверен, и холандските Го Ахед Иглс.

Откако ја заврши кариерата во 2000 година, отвори школа за голмани во Шпанија.

ПретходноБилетите за четвртфиналето на СКП се поевтини од оние во групната фаза
СледноГаздите на Формула 1 официјално го купија и Мото ГП