Сериозен егзодус на големи звезди летово ќе се случи од тимот на Манчестер Јунајтед. Клубот кој има сериозни резултатски проблеми, и кои заврши во долниот дел од табелата очигледно дека има многу сериозен проблем пред себе кој мора да го решава под итно.
Според последните информации, спаките звезди на Јунајтед, како Антони,Гарначо, Санчо, Маласиа, Рашфорд до еден најавиле во клубот дека немаат намера повеќе да играат за Јунајтед и отворено побарале трансфер.
Се би било тоа некако во ред, ако сите овие најпрво го чинеле Јунајтед заедно стотици милиони евра на име на трансфери, а потоа уште минимум толку на име на плати и примања.
Освен Ганрачо, сите останати горенаведени беа на позајмица изминатата полусезона. Од друга страна доколку сите овие си заминат, а така ќе биде по се изгледа, во Јунајтед ќе се отвори простор на име на плати за доведување на нови звезди. Што ќе рече дека управата ќе биде подготвена за нови „бомби“ летово, кои и онака беа најавени со оглед на очајните игри и резултати на клубот.