УЕФА нема милост: Челзи е казнет со 20, Барса со 15, Лион со 12.5 милиони евра

233

УЕФА, Европската куќа на фудбалот е ригорозна по прашањето на финансискиот фер плеј, па нормално е што денеска се објавени сериозни казни за дел од најдобрите клубови во Европа.

Челзи е казнет со огромни 20 милиони евра, Барселона со 15 милиони, додека пак Лион со 12.5 милиони. Астон Вила ќе мора да плати 11 милиони, а Рома со 3, а меѓу казнетите клубови интересно е што се најде и Хајдук Сплит.

Клубовите веќе се во преговори со УЕФА, по ова прашање и доколку не ги почитуваат одлуките следуваат сериозни пенали и консеквенци.

ФОТО  CHELSEA FB

 

ПретходноСега е веќе јасно, Дејвид е замената за Влаховиќ во Јуве
СледноБорјан Цековски дел од Куманово