Јакимовски се враќа од САД и потпишува за Тренто

182

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски се враќа во Европа. По цели пет години минати на во САД, каде што беше дел од НЦАА колеџ кошаркарската лига, Јакимовски прави кам бек на стариот континтент.

Во новата сезона ќе биде дел од италијанскиот прволигаш Тренто, кој што пак веќе се пофали со својот нов кошаркар.

Јакимовски како еден од нашите најквалитетни млади кошаркари своевремено, своевремено веќе беше дел од еден италијански тим, Торино. Потоа, замина за САД уште како јуниор. Беше дел од колеџ екипите на Вашингтон Стејт и Колорадо, каде што имаше солидни партии и добра минутажа.

Сепак, очигледно дека Јакимовски одлучи дека од таа кошаркарска средина му е доста и треба да се проба нешто ново.

ПретходноНик Хенигман е новиот словенец во Е.Пелистер
СледноПчела и застана на раката – само што не заплака (ВИДЕО)