Македонската женска јуниорска репрезентација запиша убедлив пораз на првиот меч на Европското првенство Дивизија Б кое се одржува во Литванија, откако беше совладана од Романија со 87-45.
Нашите кошаркарки беа рамноправен противник во првата четвртина, истата ја добија со 13-16. Во продолжение паднаа целосно застанаа. Романките влегоа во силен ритам, вториот период го добија со 24-11 за предност 37-27 на одморот. Ништо не се промени ниту во втрото полувреме, Македонија потешко доаѓаше до кошот, па бројот на постигнати поени во третата четвртина беше девет наспроти 25-те на противникот. Сето ова беше потврда дека поразот ќе биде неизбежен.
Следен противник на Македонија е Германија, мечот се игра утре со почеток во 17 часот. Нашите јуниорки се во група со уште Шведска и Ирска.