Борјан Цековски дел од Куманово

100
МРК Куманово од денес во своите редови официјално на располагање за наредната сезона ќе го има младиот и талентиран 19- годишен ракометар Борјан Цековски.
Играчот кој настапува на позицијата пивот се враќа во клубот од каде во јануари оваа година замина на позајмица во редовите на РК Младост од Богданци.
Во својата кариера настапуваше за тимот КЛ7 Свети Николе, ГРК Овче Поле 1958, РК Радовиш и МРК Куманово.
– Огромна чест и задоволство ми е што по една полусезона се враќам назад пред кумановската публика.За мене ова претставува голем предизвик како млад играч да се покажам во најдобро светло во македонската супер лига.Очекувам добра соработка со тренерот и стручниот штаб како и исполнување на примарната цел со тимот, а тоа е пласман во плеј-офот на Супер Лигата – изјави Цековски по потпишување на договорот со МРК Куманово.

ПретходноУЕФА нема милост: Челзи е казнет со 20, Барса со 15, Лион со 12.5 милиони евра
СледноМатео Кесиќ во Јединство Уб