Дориан Бабунски се врати во унгарскиот шампионат. Денеска нашиот поранешен репрезентативен напаѓач се договори за 2-годишна соработка со екипата на Ниреѓихаза.
Минатата сезона Бабунски ја мина во дресот на Сепси во Романија, а претходно го носеше и дресот на швајцарски Грасхоперс. Во Унгарија беше една сезона и тоа во дресот на Дебрецин.
Минатата сезона во редовите на Ниреѓихаза настапуваше и Дарко Велковски, кој ја заврши соработката со Унгарците.