КФСМ објави стратегија и порача: Време е да се изгради систем – не за моментален успех, туку за трајна вредност

135

Новото раководство на КФСМ објави нова стратегија за развој на кошарката и фер и дисциплинирано натпреварување. Новитет е еден странски играч во Втората лига, а што се однесува до Прва лига ќе изнесува четири, со тоа што тројца ќе имаат право да бидат на терен, во плеј-офот – нема ограничувања.

„Време е да се изгради систем – не за моментален успех, туку за трајна вредност“, порачаа од КФСМ. 

НОВИ СТРАТЕГИИ НА КФСМ ЗА ПЕРИОДОТ 2025 – 2029

Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФСМ), врз основа на заклучоците од состаноците со екипите од сениорските лиги:

  • Прва лига – мажи, 10.06.2025 година,
  • Втора и Трета лига – мажи, 02.07.2025 година, и
  • Прва А и Б лига – жени, 04.07.2025 година, како и

врз основа на сеопфатна анализа на младинските и сениорските лиги, како и на финансиските и административните обврски на клубовите од минатите натпреварувачки сезони, ја објавува новата стратегија за стабилен и квалитетен натпреварувачки систем во периодот 2025 – 2029 година.

Во анализата беа активно вклучени:

  • Канцеларијата за младински лиги,
  • Канцеларијата за сениорски лиги,
  • Канцеларијата за архива и администрација (во делот на долговите на клубовите кон федерацијата).

Целта на оваа стратегија е да се обезбеди:

  • системски развој,
  • јасни насоки за напредок,
  • фер и дисциплинирано натпреварување.

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – КОНТИНУИРАН РАЗВОЕН ПАТ

МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:

Од сезоната 2025/26 ќе функционираат: М12, М14, М16, М18, како и М20 – реактивирана како развојна лига, мост кон сениорската конкуренција.

  • Целта е да се обезбеди квалитетна подготовка на младите играчи пред влез во сениорска

кошарка.

ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА:

Од сезоната 2025/26 ќе функционираат: М12, М14, М16, М18 лиги.

Со оглед на мал број на женски сениорски екипи и природната интеграција на девојките од 19 – 20 години во тие тимови, не се предвидува посе vбна М20 женска лига под капата на КФСМ.

СЕНИОРСКИ ЛИГИ – ПОФОКУСИРАН СИСТЕМ

МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:

1. СУПЕР ЛИГА (поранешна Прва лига):

– Сезона 2025/26: 12 екипи,

– Од 2026/27: 10 екипи.

– Право на настап:

  • 4 (четири) странски играчи (максимум 3 истовремено на терен во регуларниот дел, а без ограничување во плеј – оф).

2. ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА (поранешна Втора лига):

– 12 екипи според пласманот од 2024/25;

– екипи од Третата лига со посебна покана (wildcard), доколку ги исполнат условите од лиценцниот систем;

– Право на настап: 1(еден) странски играч.

3. АМАТЕРСКА ЛИГА (поранешна ТРЕТА ЛИГА):

– Ќе функционира како посебна сениорска лига;

– Одвоена од М20, која преминува под младинскиот натпреварувачки систем.

ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА:

1. ПРВА ЛИГА:

– Сезона 2025/26: 8 екипи,

– Од 2026/27: 8 екипи.

– Право на настап:

  • 3 странски играчи (максимум 2 истовремено на терен во регуларниот дел, а без ограничување во плеј – оф).

2. ВТОРА ЛИГА:

– 5 екипи според пласманот од 2024/25 и секоја новопријавена екипа;

– Право на настап:

– Двојна лиценца (согласно пропозициите на КФСМ).

ПРИЈАВУВАЊЕ – ЈАСНИ ЧЕКОРИ ЗА УЧЕСТВО

Сите клубови – без исклучок, стари и нови, должни се да достават писмена пријава за учество за сезоната 2025/26:

ПРИЈАВУВАЊЕТО НА СЕНИОРСКИТЕ ЕКИПИ Е ВО ПЕРИОДОТ ОД  07 ДО 11.07.2026 година.

По овој рок започнува втората фаза, во која секоја екипа ќе треба:

– Да ги пријави играчите, тренерите и домашните сали;

– Да ги подмири сите претходни долгувања кон федерацијата.

УРЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

Екипите кои:

– Ќе достават комплетна документација;

– Ќе ги исполнат критериумите;

– Ќе ги подмират обврските навреме;

ќе бидат промовирани како активни, со лиценца и медиумска видливост.

За сите останати екипи ќе биде дадена временска рамка да ги дозавршат своите обврски.

СТАНДАРД ЗА СИТЕ – БЕЗ ИСКЛУЧОК

Новите правила важат еднакво за сите – без фаворизирање, без исклучоци, без компромиси.

Само екипите што ќе ги исполнат сите критериуми, ќе добијат дозвола за настап.

ФОРУМИ НА СОРАБОТКА СО КЛУБОВИТЕ – ЈАВНО ПРОМОВИРАЊЕ

Во втората половина на јули, КФСМ ќе организира дополнителни средби и презентации со сите пријавени екипи, каде ќе бидат детално објаснети:

– Новите лиценцни критериуми;

– Финансиските и организациските обврски;

– Стандардите за сали и др.

ЗАКЛУЧОК – РЕФОРМАТА НЕ Е ЗАКАНА, ТУКУ ШАНСА

Кошарката нема време за импровизации.

Овој стратешки зафат е:

– Потребен за стабилност;

– Спроведлив за сите;

– И неопходен за иднината.

Само сериозни клубови со сериозен пристап ќе ја направат македонската кошарка:

– Поорганизирана;

– Попривлечна;

– И повреднувана – без разлика на рангот или конкуренцијата.

Време е да се изгради систем – не за моментален успех, туку за трајна вредност.

Со почит,

Кошаркарска федерација на С. Македонија

Претходно„Мртов“ пијан го навредувал директорот, па заврши во вториот тим на Борусија (М)
СледноБарселона после шокот се сврте кон нов фубалер – го најде во Ливерпул