„Мртов“ пијан го навредувал директорот, па заврши во вториот тим на Борусија (М)

273
фото: Gladbach (X)

Фудбалерот на Борусија (М) Флоријан Нојхаус е преврлен во вториот тим на клубот откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој го нарече директорот на Борусија Менхенгладбах „најлошиот менаџер“.

28-годишниот германски играч од средниот ред во видно алкохолизирана состојба комуницирал со навивачи на Борусија Менхенгладбах на Мајорка и зборувал дека Роланд Виркус е „најлошиот менаџер на светот“.

Борусија Менхенгладбах издаде официјално соопштение во врска со ситуацијата со Нојхаус.

„Флоријан Нојхаус ќе плати висока казна за контроверзно видео во кое дава контроверзни изјави додека е пијан на одмор на Мајорка. Тој нема да тренира со првиот тим во следните четири недели. Префрлен е во тимот на Борусија Менхенгладбах до 23 години“, се вели во соопштението на клубот .

„Однесувањето и изјавите на Флоријан Нојхаус се штетни за клубот и се неприфатливи. Неговите зборови ѝ наштетија на Борусија и се големо разочарување за сите вклучени во клубот.“

Исто така, се наведува дека клубот го казнил Нојхаус со 100.000 евра.

ПретходноБоби Митев се повлече од стручниот штаб на сениорската репрезентација
СледноКФСМ објави стратегија и порача: Време е да се изгради систем – не за моментален успех, туку за трајна вредност