Трамп најави одржување УФЦ спектакл во Белата куќа

62

На митинг во Ајова, претседателот на САД, Доналд Трамп објави план за организација настан на УФЦ во Белата куќа во 2026 година. Ова е дел од неговите амбициозни планови за прослава на 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност на САД.

„Дали некој гледа УФЦ?“, ги праша Трамп своите поддржувачи. „Ќе имаме УФЦ борба на теренот на Белата куќа. Имаме многу простор таму. Дана ќе го организира. Ќе имаме шампионска борба со над 25.000 посетители, и ќе го направиме тоа како дел од 250-годишнината. Ќе имаме некои неверојатни настани. Некои професионални настани, некои аматерски настани, но и борбите на УФЦ ќе бидат голема работа“, изјавил Трамп.

Трамп е редовен посетител на многу настани на УФЦ, вклучувајќи го и неодамнешниот УФЦ 316 во Њу Џерси, каде што бројни спортисти скокнаа преку октагонот за да го поздрават претседателот

ПретходноЛиверпул го повлекува дресот со број 20
СледноДориан Бабунски потпиша за унгарска Ниреѓихаза