Екипата на Флуминенсе е првиот полуфиналист на Светското клупско првенство во кое во моментов се одржува во САД.
Бразилскиот великан во четвртифиналето кое што предмалку заврши го совлада тимот на Ал Хилал о конечни 2:1, и на тој начин мина во следната фаза.
Мартинели го доведе Флиминенсе во водство во 40.минута од мечот, по реално подобрата игра на бразилците во првиот дел.
Неговиот сонародник, Маркос Леандро во 51. минута успеа да израмни и да го стави Ал Хилал во позитивна ситуација.
Сепак, дваесетина минути подоцна, Флуминенсе повторно ја враќа предноста преку Херкулес, кој воедно ги постави и конечните 2:1 на овој меч.