Аморим од понеделник не сака да ги види Санчо, Антони Рашфорд и Гарначо на тренинг

677

Магазинот „Атлетик“, објави дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, побарал Маркус Рашфорд, Санчо, Алехандро Гарначо и Антони до понеделник да го напуштат клубот. 

Овој потег за кој се верува дека ќе помогне во намалувањето на трошоците за плати на клубот и ќе ги реши некои од проблемите што го мачеа тимот во последните две сезони, засега не е потврден. Клубот не успеа да се раздели со ниту еден од четворицата играчи, па останува прашањето што ќе се случи со нив веќе од почетокот на идната недела.

Минатата недела, Јунајтед наводно донел одлука да го одложи враќањето на тренинзите на Рашфорд, Гарначо, Антони, Санчо и Тајрел Маласија. Сите петмина играчи се информирани за одлуката. 

ПретходноБудимир на кормилото на ЖРК Војводина
СледноМадуеке се согласи да се пресели во Арсенал