Мадуеке се согласи да се пресели во Арсенал

104

Нони Мадуеке нема ништо против да се пресели во Арсенал. Напаѓачот веќе ги договорил личните услови со овој клуб, а сега преостанува последниот збор да го каже Челзи.

Мадуеке има желба да ја смени адресата во Лондон, но за тоа Арсенал ќе мора да плати 50 милиони фунти.

Мадуеке постигна седум гола и имаше три асистенции во 32 натпревари во Премиер лигата минатата сезона.

Иако има само 23 години овој напаѓач веќе има богата кариера. Се проби во дресот на ПСВ Ајндховен за да се врати дома во дресот на Челзи. Веќе има и седум настапи за Англија.

FOTO MADUEKE X

ПретходноАморим од понеделник не сака да ги види Санчо, Антони Рашфорд и Гарначо на тренинг
СледноБабунски само што потпиша за Ниреѓихаза, а веќе постигна гол (ВИДЕО)