Отворен новиот Национален тренинг центар за спортско стрелаштво (ФОТО)

102

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на новиот Национален тренинг центар за олимписко спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри.

Тренинг центарот е лоциран во подземниот дел на салата „Наум Наумовски Борче“ во Скопје и е комплетно опремен со најсовремена опрема според стандардите на Светската стрелачка федерација.

Министерството за спорт го обезбеди најголемиот дел од финансиските средства потребни за реализација на овој проект кој доби поддршка и од европската и светската стрелачка федерација како и од домашни спонзори и поддржувачи на стрелаштвото.

ПретходноПСЖ е супер силен: Победа над баварците за место во полуфиналето
СледноЃоковиќ преку Кецмановиќ до осминафинале на Вимблдон