Португалските фудбалери не издржаа – се расплакаа за време на едноминутното молчење (ВИДЕО)

333

Португалските играчи на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, Рубен Невес и Жоао Кансело, се расплакаа за време на едноминутното молчење за нивниот поранешен соиграч од репрезентацијата, Диого Жота, пред нивниот четвртфинален натпревар од Светското клупско првенство против Флуминенсе во петокот вечерта.

Жота од Ливерпул и неговиот помлад брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во северозападна Шпанија во четврток наутро.

Натпреварот помеѓу Ал-Хилал и Флуминенсе во Орландо, САД, започна со едноминутно молчење за Жота и неговиот брат.

Невес, еден од најблиските пријатели на Жота, кој играше со 28-годишникот за време на нивниот престој во Вулверхемптон, објави трогателна порака на Инстаграм околу еден час пред почетокот на натпреварот.

„Каде и да си, знам дека ќе го прочиташ ова. Никогаш не сме биле луѓе на кои им се допаѓаат вакви работи и можеби сега малку ќе зажалам, но ти знаеш што ми значиш, исто како што јас знам што ти значам“, напиша Невес и продолжи: Повеќе од пријателство, ние сме семејство и нема да престанеме да бидеме семејство само затоа што реши да потпишеш договор малку подалеку од нас! Кога ќе одам во репрезентацијата, ти сепак ќе бидеш до мене на трпеза, во автобус, во авион. Секогаш ќе бидеш таму со мене, како и обично. Ќе продолжиме да се смееме, да правиме планови, да ги споделуваме нашите животи еден со друг. Ќе се погрижам секогаш да си тука и ќе се погрижам твоето семејство никогаш да не страда од недостаток на нешто додека си отсутен, туку да мисли на нас и да нè чека. Од денес, ќе бидеш на теренот со мене и заедно ќе го следиме нашиот пат – на сцената каде што се запознавме“, заклучи Рубен Невес, цитиран од БТА.

ПретходноПозната е причината за пропаднатиот трансфер на Нико во Барса
СледноФудбалот за нив е повеќе од игра: Луис Суарез и Единсон Кавани ќе ги добијат улици