Алкараз откри за што никогаш не зборува со Ѓоковиќ

259

Карлос Алкараз после победата во третото коло на Вимблдон, на прес-конференција беше прашан кој е најпаметниот играч на турнирот.

„Верувам дека Ѓоковиќ е најпаметната личност на теренот. Тој е без сомнение играчот кој има најдобро познавање за овој спорт. Со своето искуство и сè што доживеал на тенискиот терен, но и по гледањето на многу негови натпревари, убеден сум дека тој има најголемо познавање за овој спорт“, рече Алкараз.

Алкарас и Ѓоковиќ имаат одличен однос надвор од теренот.

„Разговарав со Новак многу, многу пати. Ги гледав неговите натпревари, тренирав со него, ги гледав неговите тренинзи. Никогаш не зборуваме за тенис, натпревари и слично. Претпочитам да разговарам со него за други работи, за животот. Се обидувам да научам за неговиот тенис, начинот на кој секогаш тренира, начинот на кој игра, но однадвор. Никогаш не го прашувам ништо директно на таа тема. Сакам да го гледам неговиот тенис, ми се допаѓа кога тренирам со него, начинот на кој се движи, игра и тренира“, истакна тој. 

Во следната фаза, Алкараса ќе се соочи со Андреј Рубљев.

ПретходноПоранешни и сегашни играчи на Ливерпул пристигнаа на погребот на Жота и неговиот брат
СледноТажно, многу тажно: Последно збогум….(ФОТО)